Хроника од 9та седница

Скопје, 15.03.2022 – Советот на Агенцијата на 9та седница донесе Решение за бришење од регистарот на радиодифузери на ТРД СИТИ ТЕЛЕВИЗИЈА ДООЕЛ Скопје.

Врз основа на констатации од програмски надзор и во согласност со Методологијата за вршење програмски надзор Советот на Агенцијата упати писмено укажување на ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА МАКПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, за прекршување на начелото за почитување на презумција на невиност од членот 61 став 1 алинеја 5 од ЗААВМУ.

Поради констатирани прекршувања Советот на Агенцијата изрече мерки јавни опомени на ТРД ТВ ДУЕ Гостивар, ТРД Г-ТВ Гостивар и ТРД ГУРРА Гостивар за неемитување најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, ниту пак најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни медиумски дела, го емитуваше во периодот од 7,00 до 19,00 часот и на ТРД ТВ ДУЕ Гостивар необезбедување превод на албански јазик, јазикот на кој што медиумот емитува програма согласно дозволата.

Со цел започнување на постапки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2022 година на Агенцијата, Советот даде одобрување на директорот на Агенцијата да ги спроведе постапките за јавна набавка на услуга Надворешна контрола на ИКТ системот согласно прописите за заштита на личните податоци и превентивно и адаптивно одржување на интегриран софтвер за правно, финансиско и економско работење.

 



Accessibility

Accessibility