Хроника од 9та седница

Скопје, 25.03.2021  – Советот донесе Одлука со која се одобрува Годишниот извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2020 година (со Извештај за реализација на Годишниот план за програмски надзор за 2020 година и Финансиски извештај за реализација на Финансискиот план за 2020 година и годишната сметка со реализирани приходи, расходи, побарувања и обврски за 2020 година) и на истата седница го утврди и Ставот на Агенцијата во однос на резултатот од извршената ревизија од независниот ревизор за 2020 година.

Во врска со известувањето за промена на сопственичка структура, Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се дозволи промена на сопственичката структура на Трговското радиодифузно друштво КОМЕТА 2000 Раде ДООЕЛ Гостивар.

Врз основа на констатации од редовен програмски надзор, каде е констатирано прекршување на член 141 од ЗААВМУ, односно реемитување на програмски сервис кој не е опфатен со потврдите за регистрација на програмски сервиси, Советот на Агенцијата изрече мерка јавна опомена на операторот СИГНАЛ-НЕТ ДОО Куманово.

Со цел започнување на постапки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2021 година на Агенцијата, Советот даде одобрувања на директорот на Агенцијата да ги спроведе постапките за јавна набавка: мобилна телефонија, одржување на компјутерска и друга ИКТ опрема, одржување на хигиена во деловните простории на Агенцијата и миење на возила.

Воедно, Советот одобри директорот да донесе Одлука за набавка на адвокатски услуги во износ на останатите одобрени, а неискористени финансиски средства за оваа услуга.

Поради потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција, спречување на внесување и ширење на Коронавирусот COVID-19, Советот на Агенцијата донесе Заклучок да го продолжи периодот до 30.06.2021 година за одржување на седниците преку видео конференциска врска.



Accessibility

Accessibility