Хроника од 9-та седница

Скопје, 27.02.2017г. – На денешната седница, Советот на Агенцијата ја усвои Годишната сметка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 година.

Поради прекршување на член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно поради неплаќање на надоместокот за дозволата во утврдениот рок, Советот на Агенцијата донесе Одлуки за одземање на дозволите за телевизиско и радио емитување на Трговското радиодифузно друштво ТВ АРТ Артан ДОО Тетово и Трговското радиодифузно друштво РАДИО ПЕХЧЕВО Ванчо ДООЕЛ Пехчево.

Воедно, донесе Одлука за доделување дозвола на Друштвото за вршење на медиумски услуги АРТ ЧАННЕЛ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, за телевизиско емитување на програмски сервис со претежно забавен општ формат, на албански и македонски јазик, кој ќе се емитува преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс, на државно ниво.

Советот на Агенцијата донесе и пет Решенија за запирање на покренати постапки за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД РТВ ДРИНИ ДООЕЛ Струга, ТРД ПЛУС ФОРТЕ ДООЕЛ Тетово, ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево, ТРД ТВ МОРИС ДООЕЛ Охрид, и ТРД ТВ КИСС Злате ДООЕЛ Тетово, поради извршена уплата на долг.

 



Accessibility

Accessibility