Хроника од 9-та седница

Скопје, 08.03.2023 – На денешната седница Советот на Агенцијата донесе Одлуки за објавување на јавен конкурс за доделување на една дозвола за радио емитување на непрофитна радиодифузна установа на регионално ниво на подрачјето на регионот на Скопје и една дозвола за радио емитување на програмски сервис на непрофитна радиодифузна установа на локално ниво на подрачјето на општина Тетово.

Поради неисполнување на обврската од член 80 став 5 од ЗААВМУ, односно неплаќање на годишниот надоместок за дозвола за радио и телевизиско емитување, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги започна 14 постапки за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на следниве радиодифузери: РА Арачина с.Арачиново, РА Ла Коста Виница, РА Чоки 5 Прилеп, ТВ Шутел Скопје, РА Канал 77 Штип, РА Метрополис Скопје, ТВ Ера Скопје, ТВ Калтрина Струга, РА Кавадарци Кавадарци, ТВ Здравкин Велес, ТВ Спектра Општина Лабуништа, РА Ред Фм Тетово, РА Медисон Кичево и РА Галакси-2002 Кавадарци.

На ТРД Т.В. Калтрина од Струга и ѐ изречена мерка јавна опомена за неемитување најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудио и аудиовизуелни дела.

Согласно Годишниот план за јавни набавки за 2023 година на АВМУ, Советот на Агенцијата одобри директорот да донесе Одлуки за спроведување на постапки за јавни набавки на услуги-превентивно и адаптивно одржување на интегриран софтвер за правно, финансиско  и економско работење и софтвер за заштита и превенција на персонални компјутери и сервери.

Согласно измените на Законот за минимална плата, Советот на Агенцијата го донесе Правилникот за изменување на Правилникот за бруто плата и други надоместоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

 



Accessibility

Accessibility