Хроника од 9-та седница

СКОПЈЕ- 12.09.2014- Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница одлучи да ја запре покренатата постапка за одземање на дозволата за вршење на радиодифузната дејност на Трговското радиодифузно друштво ПРОДУКЦИЈА – ЛГН експорт-импорт Неготино бр.07-3478/1 од 27.11.2008 година, поради престанок на важноста на дозволата по сила на закон.

Советот на Агенцијата донесе одлука за ребаланс на финансискиот план за јавни набавки во 2014 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, даде одобрување за допулнување и изменување на Годишниот план за јавни набавки во 2014 година, на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.



Accessibility

Accessibility