Скопје, 22.12.2023 – На 41та седница Советот на Агенцијата одобри донесување на Годишниот план за јавни набавки за 2024 година.
Поради непочитување на одредби од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Советот на Агенцијата изрече 3 мерки јавни опомена:
- ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА МАКПЕТРОЛ поради неозначување со соодветна предупредувачка сигнализација за квалификација на категорија програма планирана за прикажување и за необјавување на податоци за импресум
и
- ТРД Телевизија СИТЕЛ ДООЕЛ Скопје поради емитување на прикриена аудиовизуелна комерцијална комуникација.
За потребите на Агенцијата и согласно Планот за јавни набавки за 2023 година Советот одобри директорот на Агенцијата да донесе Одлука за набавка на адвокатски услуги за 2024 година.