Јавен состанок – 21.12.2022

Одржан четвртиот јавен состанок на Агенцијата за 2022

Скопје,  21 декември 2022 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска одржа јавен состанок, на кој директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски, направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци.

Присутните имаа можност да слушнат за активностите поврзани со спроведените надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, давателите на АВМУ по барање и издавачите на печатени медиуми, изречените мерки јавна опомена, изработените истражувања, активностите на полето на меѓународната соработка.

На состанокот беа презентирани и клучните наоди од структурата на вработените во аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија во 2021 година. Во анализата е даден преглед на податоци за вкупниот број на вработени во јавниот сервис и во комерцијалните телевизии и радиостаници. Податоците се анализирани од аспект на работните места на кои тие биле ангажирани, статусот (редовен работен однос или хонорарен ангажман), полот, степенот на образование и етничката припадност.

Во 2021 година, бројот на вработени во индустријата изнесувал 2.449 лица, од кои 685 биле ангажирани во јавниот сервис, 1.377 лица во комерцијалните телевизии и 387 во комерцијалните радиостаници. Од вкупно 2.449  лица, 1.463 биле мажи, а 986 биле жени. Во редовен работен однос биле вработени 1.814 лица, додека хонорарно биле ангажирани 635 лица. Најголем дел од вработените биле со високо образование – 1.267 лица, со средно образование биле ангажирани 1.065 лица, а само 38 лица имале друг степен на образование. Од аспект на етничката припадност, 1.764 лица од вработените биле Македонци, 540 Албанци, 45 Турци, 20 Роми, 9 Власи, 38 Срби, 26 Бошњаци и седум лица биле од други националности.

Добиените ставови и мислења за јавниот состанок, можат да се преземат на следниот линк

Презентациите се достапни на следните линкови:

Спроведени активности согласно Годишната програма за работа на АВМУ

  • д-р Зоран Трајчевски, директор на АААВМУ

Структура на вработените во аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија во 2021 година 

  • Катерина Доневска, АВМУ

Агендата за јавниот состанок на Агенцијата може да се преземе на следниот линк

Пријавата за учество на јавниот состанок на Агенцијата може да се преземе на следниот линк



Accessibility

Accessibility