Јавна седница на Советот за радиодифузија на тема: „Родот и медиумите“

Советот за радиодифузија на 11 ноември 2013 година (понеделник), во Клуб на пратеници, со почеток во 12:00 часот  ќе одржи јавна седница на тема „ Родот и медиумите”.

На седницата ќе бидат презентирани резултатите од Истражувањето на родовите прашања во ударните вести на националните телевизии и од Истражувањето за начинот на прикажување и претставување на жените и мажите во примерок од телевизиски рекламни спотови и спотови означени како “бесплатно емитување”. Воедно, ќе бидат претставени и неколку релевантни  документи на Советот на Европа, кои Советот за радиодифузија ги преведе на македонски јазик.



Accessibility

Accessibility