02.07.2009г. Советот за радиодифузија му даде дозвола за работа на непрофитното Студентско радио во Штип

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 02.07.2009г. – На свечената церемонија, што се одржа на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, претседателот на Советот за радиодифузија на Република Македонија му ја предаде дозволата за работа на непрофитното Студентско радио на ректорот на универзитетот, д-р Саша Митрев.

“Сферата на непрофитните медиуми во Македонија, како дел од граѓанскиот сектор треба и понатаму да се развива. На граѓанското општество му се потребни непрофитните медиуми заради информирање на определени целни групи, независни од нечии бизнис или политички интереси” – рече претседателот на Советот за радиодифузија, Зоран Стефаноски.

Ректорот на Универзитетот Гоце Делчев, д-р Саша Митрев додаде: “Со овој чин се создаваат сите потребни предуслови за најмногу еден месец радиото и официјално да започне со работа, со цел да ги информира студентите, вработените на УГД, како и граѓаните на Штип за сe’ што се случува на Универзитетот.”

Во Студентското радио ќе работат и студенти по новинарство од овој универзитет.



Accessibility

Accessibility