24.06.2009г. Советот за радиодифузија отвора јавна расправа за предлог-измените на Законот за радиодифузната дејност

image_pdfimage_print

Скопје, 24.06.2009г. – Подобрување на одредбите од Законот за радиодифузната дејност во делот на медиумската концентрација, собирањето на радиодифузната такса, заштита на авторските и сродните права, заштита на малолетната публика се некои од предвидените промени на Законот за радиодифузната дејност, што денеска ги разгледа Советот за радиодифузија (СРД).

Членовите на Советот ја усвоија предлог-иницијативата на работната група, што ги изготви овие предлог-амандмани, коишто од утре (24 јуни) па се’ до 15 август ќе бидат поставени на веб страницата на СРД (www.srd.org.mk) и сите заинтересирани субјекти ќе можат во електронска форма да достават свои предлози и коментари.

Досегашното искуство од спроведувањето на законот покажа дека му требаат подобрувања и допрецизирања во одредени негови делови. “Меѓу останатото нашите предлози даваат солидна основа за натамошно намалување на влијанието на политичките партии врз електронските медиуми. Ова е дел од заложбите на Советот за професионализација на медиумите” – рече претседателот на Советот за радиодифузија, Зоран Стефаноски.

Предвидените измени и дополнувања ќе ја олеснат имплементацијата на законот, а ќе погнат и при предвиденото имплементирање на најновата Директива на ЕУ за аудио-визуелни услуги, којашто ќе го поттикне развојот на новите дигитални технологии во сферата на медиумите.



Accessibility

Accessibility