17.09.2009г. Негативното политичко рекламирање не е во согласност со општите стандарди за рекламирање

Советот за радиодифузија на Република Македонија (СРД) на денешната седница констатираше дека негативното политичко рекламирање, емитувано на некои телевизиски станици…


Советот за радиодифузија на Република Македонија (СРД) на денешната седница констатираше дека негативното политичко рекламирање, емитувано на некои телевизиски станици, не е во согласност со стандардите за рекламирање, утврдени во Законот за радиодифузната дејност.

Рекламирањето е заштитено со правото на слобода на изразување, утврдено во член 10 од Европската конвенција за човекови права и член 16 од Уставот на Република Македонија. Сепак постојат и извесни ограничувања на слободата на изразување, кои се пропишани со закон и се неопходни во едно демократско општество, во интерес на заштитата на угледот и правата на другите.

Анализата на емитуваниот материјал покажа дека во спотот се повредува човековото достоинство (член 89) со тоа што не се почитува загарантираната пресумпција на невиност и забраната за прикажување на малолетни лица во политичко рекламирање (член 88).

Исто така, нарачателот на политичкото рекламирање и надвор од период на изборна кампања треба да биде јасно означен, со цел да не се доведе јавноста во заблуда и за да може целосно да го искористи своето право на слободно формирање на мислење.

Советот за радиодифузија ги повикува медиумите да се придржуваат кон законските одредби при емитување на рекламни спотови од подрачјето на платеното политичко рекламирање.



Accessibility

Accessibility