02.10.2009г. СРД стана полноправен член на Медитеранската мрежа на регулаторни тела

На единаесеттата конференција на МНРА, што се одржува во шпанскиот град Гранада, Советот за радиодифузија беше едногласно примен и заведен под уставното име на земјата.


СКОПЈЕ, 2 октомври 2009 – Советот за радиодифузија на Република Македонија од денеска (2 октомври 2009) е полноправен член на Медитеранската мрежа на регулаторни тела (МНРА). На единаесеттата конференција на МНРА, што се одржува во шпанскиот град Гранада, Советот за радиодифузија беше едногласно примен и заведен под уставното име на земјата.

По официјалниот прием, претседателот Зоран Стефаноски, рече: “Ова е доказ дека Советот за радиодифузија навистина ужива углед кај своите колеги не само во Европа, туку и во останатите медитерански земји.” “Би сакал да напомнам” – додаде Стефаноски – “дека сме примени под уставното име, а нашиот прием беше поздравен со громогласен аплауз од претставниците на медитеранските земји.”

Во Медитеранската мрежа на регулаторни тела, членуваат регулаторите на медиуми од Франција, Португалија, Италија, Грција, Шпанија, Кипар, Турција , Албанија, Мароко Израел, Србија, Јордан Босна и Херцеговина, Мавританија, Либан и други.



Accessibility

Accessibility