03.05.2012г. Слободата на медиумите – врвен приоритет на СРД

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 03.05.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) на сите медиуми им го честита денешниот Меѓународен ден на слободата на медиумите, којшто има цел промовирање и подигнување на свеста за значењето на слободата и независноста на медиумите.

Советот за радиодифузија, преку одлучноста да ги реши крупните прашања, поврзани со сопственичката структура, преку превенирањето на појави на недозволени медиумски концентрации, преку создавање фер услови на медиумскиот пазар како и преку доследно спроведување на Законот за радиодифузната дејност, ќе продолжи да дава придонес кон унапредувањето на слободата на изразувањето во Р. Македонија.

Целта ни е да создадеме конкурентен и одржлив медиумски пазар, којшто на граѓаните ќе им нуди квалитетни и разнородни медиумски содржини. Само оние медиуми, коишто финансиски се самоодржливи, имаат потенцијал да им одолеат на политичките и економските притисоци и на тој начин да придонесуваат кон унапредување на демократијата во општеството.

Заштитата на медиумскиот плурализам, унапредувањето на слободата на изразувањето преку воведување нови медиумски технологии и создавањето на одржлив медиумски пазар и натаму остануваат главните стратешки приоритети на СРД.



Accessibility

Accessibility