09.05.2012г. Делегација на НАТО во посета на СРД

СКОПЈЕ, 9 мај, 2012 – Состојбата со медиумите во Република Македонија, улогата на Советот за радиодифузија (СРД) како регулаторно тело за електронски медиуми и унапредувањето на слободата на изразување беа темите за разговор на состанокот меѓу делегацијата на НАТО, предводена од г. Лори Вокер, надлежен претставник од службите на НАТО за досието на Република Македонија, со членовите на СРД.

Претседателот на СРД, м-р Зоран Трајчевски ги презентираше најновите активности што ги презема СРД во насока на зачувување на медиумскиот плурализам: „Најважното прашање, и воедно едно од најкрупните, е доследната и целосна имплементација на ЗРД. Не можеме да говориме за слободни медиуми, доколку не гарантираме нивна целосна независност, преку правилно регулирање на пазарот и имплементација на законите.“

Претставникот на НАТО се интересираше и за внатрешните технички и професионални капацитети на СРД. Од страната на членовите на СРД беше објаснето дека професионалните капацитети во Стручната служба се дополнително зајакнати, а во тек се и проекти за подобрување на техничките капацитети на Советот за радиодифузија.



Accessibility

Accessibility