СКОПЈЕ, 21.06.2012 – Советот за радиодуфузија (СРД) врши анализа на емитуваниот рекламен спот на ТВ Канал 5, наменет за промовирање на нова серија, којшто се емитува од вчера (20 јуни), на програмскиот сервис на оваа телевизија. Оваа анализа ќе покаже дали рекламниот спот на ТВ Канал5 е во согласност со Законот за радиодифузната дејност.
Членовите на СРД денеска ќе одржат и консултативен состанок.
СРД ги демантира информациите дека и’ ја одзел дозволата на ТВ Канал5 и очекува од уредничкиот кадар во медиумските куќи да се придржува до професионалните новинарски стандарди за објективно, точно и нешпекулативно известување.