04.07.2012г. СРД и Факултетот ФИНКИ денеска ќе потпишат меморандум за соработка за воведување дигитална телевизија

СКОПЈЕ, 04.07.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) и Факултетот за информатички науки и комуникациско инженерство (ФИНКИ) денеска, (4 јули), ќе потпишат меморандум за соработка, придружен со прес конференција во 12:30 часот во салата за состаноци на СРД.

Меморандумот има за цел да ја унапреди соработката меѓу СРД и ФИНКИ особено во делот на воведувањето на дигиталната телевизија и исклучувањето на аналогниот пренос на телевизиските содржини, предвиден за средината на 2013 година. Претседателот на СРД, м-р Зоран Трајчевски и деканот на ФИНКИ, проф. д-р Димитар Трајанов ќе одржат и куса презентација за тоа на што треба да внимаваат при купување на нов телевизор и какви последици ќе има исклучувањето на аналогната телевизија за оние домаќинства што имаат постари, аналогни телевизори.

Според најновото истражување на СРД (од јуни 2012) околу 15 насто од населението во Р. Македонија се’ уште користи обични аналогни антени за прием на телевизиските канали. Бидејќи во јуни 2013 година ќе биде исклучен аналогниот пренос на телевизиските содржини, од неопходна важност е – особено ова население да биде информирано – за исклучувањето на досегашната технологија на пренос со цел да се минимизира можноста за негово исклучување од системите за јавно информирање во земјата.
На крајот на настанот предвидена е и прес конференција.



Accessibility

Accessibility