20.07.2012г. Советот за радиодифузија и Факултетот за електротехника и информациски технологии потпишаа меморандум за соработка

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 20.07.2012 – Унапредување на соработката во воведувањето на дигиталната телевизија, размена на знаења, учество во научно-истражувачки проекти и овозможување пракса за студентите – ова се главните области, предвидени во Меморандумот за соработка, што денеска го потпишаа претседателот на Советот за радиодифузија (СРД),

м-р Зоран Трајчевски и деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при УКИМ, проф. д-р Миле Станковски.

„Од големо значење за нас ќе биде, доколку наставно-научниот кадар на ФЕИТ учествува во изработувањето на Стратегијата за развојот на радиодифузната дејност за периодот 2013 – 2017. Знаењата, искуствата и експертизите од овој факултет ќе придонесат кон значително квалитативно унапредување на регулативната рамка во динамичната медиумска сфера.“ – рече претседателот на СРД, м-р Трајчевски.

Професорите и студентите од ФЕИТ на делегацијата од СРД им ги покажаа и од неодамна модернизираните лаборатории со кои располага факултетот како и актуелните проекти на кои се работи, како што е софтверот за препознавање различен вид на програмски содржини, системи за мониторинг на фреквенции, апликативни решенија за конверзија на содржини од дводимензионална во тридимензионална телевизија и др.

СРД и ФЕИТ наскоро ќе воведат и редовна програма за студентска пракса, така што студентите од ФЕИТ ќе можат одблизу, преку практичен ангажман, да се запознаат со работењето на СРД.



Accessibility

Accessibility