19.09.2012г. Претставник на фирмата TV Plus, сопственик на австралиските канали BОM и K-15 Music, го посети СРД

СКОПЈЕ, 19.09.2012 – Програмските телевизиски сервиси, коишто на македонската публика и’ беа познати како Best of Macedonia (BOM) и K-15 Music се нелегални и не соодветствуваат со легално регистрираните австралиски канали BOM и K-15 Music, што се емитуваат во Австралија – ова беше пораката што претставникот на TV Plus, Џон Јеремиќ му ја соопшти на претседателот на СРД, м-р Зоран Трајчевски.

Претседателот Трајчевски ја потврди вчерашната одлука на СРД, според која во услови на непостоење на валидни договори за регулирани авторски и сродни права за реемитување на телевизиските програмски сервиси BOM и K-15 Music, склучени со правен следбеник на UBI TV World, на операторите на јавните комуникациски мрежи во РМ СРД им се дава краен рок до 25 септември, 2012 година, да достават валидни договори за регулирани авторски права за реемитување на овие програмски сервиси.

 

Сите оператори на јавни комуникациски мрежи во РМ, кои до 25 септември нема да достават валиди договори за регулирани авторски права, на 26 септември ќе мораат да престанат со реемитување на телевизиските програмски сервиси BOM и K-15 Music.

 

СРД одлучи сите пристигнати договори за регулирани авторски права за реемитување на BOM и K-15 Music, што ќе бидат доставени до 25 септември 2012, да ги разгледа на седница и да ја оцени нивната валидност.



Accessibility

Accessibility