24.09.2012г. СРД ги повика операторите на јавните комуникациски мрежи да ги почитуваат правата за спортски лиги и првенства

СКОПЈЕ, 24.09.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) им укажува на сите оператори на јавни комуникациски мрежи дека треба да ги почитуваат правата за емитување и реемитување на натпреварите од УЕФА-Лигата на шампиони,  УЕФА-Лига Европа и другите спортски лиги и првенства.

Реемитувањето на странски канали на кои се пренесуваат овие натпревари без регулирани права за Р. Македонија, претставува прекршување на одредбите од Законот за радиодифузната дејност и од Законот за авторските и сродните права, што повлекува соодветни законски санкции.

СРД во овој период ќе врши засилен мониторинг на програмите што ги реемитуваат операторите на јавните комуникациски мрежи во Р. Македонија со цел да спречи бесправно емитување и реемитување.



Accessibility

Accessibility