16.11.2012г. Национален семинар „Развојни политики на аудиовизуелните медиумски услуги во услови на дигитално земско емитување“.

image_pdfimage_print

Скопје, 16 ноември 2012 година. Како дел од активностите предвидени со регионалниот проект на Југоисточна Европа – Digi TV, во  организација на Советот за радиодифузија денеска се одржа национален семинар на тема „Развојни политики на аудиовизуелните медиумски услуги во услови на дигитално земско емитување“.

Учесници на семинарот беа претставници од телевизиските станици, од неколку оператори на јавна комуникациска мрежа, МРТ, ЈП Македонска радиодифузија и од Министерството за информатичко општество и администрација.

 

Семинарот го отвори претседателот на Советот за радиодифузија Зоран Трајчевски, кој зборуваше за придобивките од дигитализацијата, со акцент на основните развојни перспективи на дигиталната телевизија: временскиот суверенитет на користењето на медиумските содржини во времето на нивното дистрибуирање и содржинската селективност на крајниот корисник.
Потоа збор зема министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, кој говореше за видоизменувањето на начинот на создавање, дистрибуција и користење на медиумските содржини во дигиталното медиумско опкружување. Дигитализацијата значи и нови можности за слободни и плуралистички медиуми, но и нови предизвици за гарантирање на слободата на изразување, слободата на медиумите и слободниот пристап до информациите,  што како што рече министерот Ивановски, бара и нов и видоизменет правен поредок за медиумска регулација.

Беа одржани неколку презентации и тоа: Концепт за изработка на План за намена и распределба на преносните капацитети на дигиталните терестријални мултиплекси; Развој на правила за користење на дигиталната дивиденда на пазарот во Република Македонија; Идни услуги (апликации) кои можат да се понудат со дигиталната дивиденда; Анализа на постојните спецификации за приемничка опрема за DVB-T и анализа на достапните приемници за DVB-T на пазарот во Република Македонија; Како се користат медиумските платформи: Податоци од истражување на публиката во 2012г. и Технолошки трендови по воведувањето на дигитална телевизија.

 

Подолу се линковите од презентациите:

 

– Како се користат медиумските платформи (преземи во .pdf)

– Развој на правила за користење на дигиталната дивидента на пазарот во Република Македонија (преземи во .pdf)

– Технолошки трендови по воведувањето на дигиталната телевизија (преземи во .pdf)

– Концепт на изработка на план за намена и распределба на преносните капацитети на дигиталните терестријални мултиплекси (преземи во .pdf)

– Идни услуги (апликации) кои може да се понудат со дигиталната дивиденда (преземи во .pdf)

– Анализа на постојните спецификации за приемничка опрема за DVB-T и анализа на достапните приемници за DVB-T напазарот во Република Македонија (преземи во .pdf)



Accessibility

Accessibility