28.12.2012г. Советот повикува да им се овозможи на новинарите непречено да ги извршуваат своите обврски

image_pdfimage_print

Советот за радиодифузија, како независно регулаторно тело, при остварување на своите надлежности се грижи за слободата и плурализмот на изразувањето. Во врска со неодамнешните случувања во Собранието на  Република Македонија и отстранувањето на новинарите, Советот ги повикува сите институции и политички субјекти да им овозможат на претставниците на медиумите непречено извршување на нивните професионални задачи.

 

Програмите на медиумите треба да бидат отворени за различни политички мислења и гледишта,  а настаните треба да бидат прикажувани објективно и непристрасно. Ги повикуваме медиумите да известуваат професионално и да овозможат слободно оформување на мислењето на публиката за одделни настани и прашања, во интерес на унапредување на демократските процеси во државата.

 

Советот за радиодифузија се залага за слободата на изразување и за правото на слободен прием и пренесување на информации, поради што уште еднаш ги упатува  институциите и политичките субјекти на нивната обврска  за јавност и транспарентност во работењето и ги повикува да го почитуваат правото на новинарите да ги извршуваат своите професионални обврски.



Accessibility

Accessibility