19.03.2013г. Соопштение до медиумите за исклучувањето на програмските сервиси на Пинк Медиа Груп

image_pdfimage_print

Во врска со неодамнешното исклучување на телевизиските програмски сервиси на Пинк Меди Груп од програмскиот пакет на операторот Тотал ТВ би сакале да ја информираме јавноста за следново:

Пинк Медиа Груп испрати извинување до Советот за радиодифузија поради „превидот настанат во соопштението издадено на 11.05.2012 година во кое наместо Македонија ставен е називот БЈР Македонија“. Во истиот допис Пинк Медиа Груп потенцира дека Македонија ја доживува како пријателска земја и  намерата не била да ги навреди граѓаните на Македонија, поради што им се извинува на сите граѓани.

Советот за радиодифузија го поздравува ваквиот гест на Пинк Медиа Груп. Меѓутоа, за да се вратат програмските сервиси на оваа групација во пакетите на јавните комуникациски мрежи (Pink Music, Pink Еxtra, Pink Plus, Pink Folk и Pink  Family) неопходно е да се исполнат и другите услови кои важат за сите радиодифузери на територијата на Македонија. Имено, Пинк Медиа Груп има неплатен долг кон Советот за радиодифузија за дозволата за вршење радиодифузна дејност на „Пинк 15“. И покрај тоа што е одземена дозволата за вршење радиодифузна дејност, Пинк Медиа Груп како основач на „Пинк 15“, согласно важечките законски прописи треба да го подмири овој долг кон Советот. Условите важат подеднакво за сите субјекти на пазарот и за да не се доведува Пинк Медиа Груп во привилегирана положба, програмските сервиси на Пинк Медиа Груп ќе останат исклучени од програмскиот пакет на Тотал ТВ се додека не се подмират споменатите финансиските обврски кон Советот за радиодифузија.

Имајќи предвид дека Советот за радиодифузија како регулаторно тело се грижи за сите аспекти од областа на радиодифузијата, Советот уште еднаш потсетува дека Пинк Медиа Груп треба да ги подмири и долговите  во поглед на исплата на заостанатите плати на вработените во „Пинк 15“.



Accessibility

Accessibility