23.04.2013 – Известување до телевизиите во врска со начинот на вметнување на рекламите на поделен екран

Чести се реакциите на публиката до Советот за радиодифузија, на која ù пречи кога рекламите на поделен екран (pop-up) се вметнуваат во програмите така што покриваат значаен дел од екранот, понекогаш покривајќи го титлуваниот превод на некои од странските програми што телевизиите ги емитуваат како своја програмска понуда.

Во оваа насока, Советот им укажува на телевизиите на обврската од член 99 од Законот за радиодифузната дејност, според која рекламите треба да бидат вметнати во програмите на радиодифузерите:

– „…на начин со кој нема да се загрозат интегритетот и вредноста на програмата, како и правата на авторите и на другите носители на правата на програмата“.

Воедно, би сакале да потсетиме дека и овој облик рекламирање влегува во дозволениот лимит од 12 минути на еден реален час (членот 93 став 3 од ЗРД).

Очекуваме инсертирањето на рекламите на поделен екран да биде усогласено со Законот.



Accessibility

Accessibility