28.05.2013г. Прес конференција – Дигитализација

image_pdfimage_print

Скопје, 28.05.2013г. На тема Дигитализација на телевизиските станици, одржана е заедничка прес конференција на Министерството за информатичко општество и администрација, Советот за радиодифузија, Агенцијата за електронски комуникации и операторот Оне.

Министерот Иво Ивановски, претседателот на Советот за радиодифузија Зоран Трајчевски, директорот на Оне Цирил Кафол и директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Ордановски ги потенцираа придобивките за граѓаните од дигитализацијата на телевизискиот сигнал, информираа за бројот на телевизиите кои потпишале договор со Оне за емитување преку мултиплекс и пакетите кои Оне ги нуди на граѓаните, набавката на сет топ боксови.

Она што е особено важно, како што изјави претседателот на Советот за радиодифузија Зоран Трајчевски, е дека граѓаните се информирани за преминот кон дигитализација, за што Советот за радиодифузија организираше интензивна информативно/едукативна капмпања во чии рамки беше снимен и емитуван телевизиски спот, беа инсертирани флаери во дневни весници, претставници од Советот учествуваа во радио и телевизиски емисии на програмите на националните, регионалните и локалните медиуми.



Accessibility

Accessibility