02.07.2013г. – Одржан состанок со операторите на јавна комуникациска мрежа кои не користат ограничен ресурс и ТВ станиците на државно, регионално и локално ниво

image_pdfimage_print

Скопје, 02.07.2013г. На иницијатива на Советот за радиодифузија беше одржан состанок на кој присуствуваа претставници од Агенцијата за електронски комуникации, Диги Плус Мултимедиа (Boom), Македонски телеком, СИЗ МК Нет, Групација Мактелко – Битола, претставници од операторите на јавни комуникациски мрежи и од телевизиските станици.

Целта на состанокот беше да се отвори поширока дискусија во врска со различните проблеми со кои се соочуваат телевизиските станици и операторите на јавна комуникациска мрежа по исклучувањето на аналогниот и воведувањето на дигиталниот телевизиски сигнал. Поконкретно, се разговараше за техничките, финансиските и другите услови содржани во понудените и склучените договори за емитување меѓу одделни оператори на јавни комуникациски мрежи кои не користат ограничен ресурс и некои регионални и локални телевизиски станици, како и проблемите во однос на покривањето на територијата на Република Македонија со дигитален терестријален телевизиски сигнал преку дигиталните терестријални мултиплекси.

На крајот од состанокот, претседателот на Советот за радиодифузија д-р Зоран Трајчевски и директорот на Агенцијата за електронски комуникации г-дин Роберт Ордановски ги повикаа присутните, доколку сметаат дека некој субјект ги прекршува одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за радиодифузната дејност (дигитализација на телевизискиот сигнал) да се обратат до Агенцијата за електронски комуникации и до Советот за радиодифузија.



Accessibility

Accessibility