Регионална конференција на тема „Зајакнување на независноста на регулаторните тела за медиуми во Југоисточна Европа“

 

На 14 и 15 ноември 2013 година, во Пржно, Република Црна Гора се одржува конференција на тема „Зајакнување на независноста на регулаторните тела за медиуми во Југоисточна Европа“.

 

Целта на одржување на конференцијата е дискусија за европските стандарди за независноста и функционирањето на регулаторните тела за медиуми, нивниот мандат и овластувањата, новите предизвици и улогата на регулаторните тела во услови на дигитално емитување. На конференцијата учествуваат претставници од регулаторните тела за медиуми, од релевантни министерства и невладини организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Србија и Косово.

На конференцијата, како претставници од Советот за радиодифузија на Република Македонија учествуваат д-р Зоран Трајчевски, претседател на Советот за радиодифузија,  д-р Милаим Фетаи, заменик-претседател на Советот и Сељадин Џезаири, член на Советот за радиодифузија. Во текот на вчерашниот ден, излагање за независноста и функционирањето на Советот за радиодифузија во практика имаа д-р Зоран Трајчевски и д-р Милам Фетаи.

 

Во текот на денешниот ден, презентација за транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиуми со осврт на македонското искуство и практика ќе има претседателот на Советот за радиодифузија, д-р Зоран Трајчевски.



Accessibility

Accessibility