Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го честита Светскиот ден на радиото

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 13.02.2014г– 13 февруари е Светскиот ден на радиото, ден кога радиото се слави како медиум кој ги едуцира луѓето, обезбедува информации и ја промовира слободата на изразување во различните култури. Целта на одбележувањето на овој ден е да се зголеми свеста на јавноста и медиумите за значењето на радиото,

да се поттикнат носителите на одлуки да воспостават и да обезбедат пристап до информации преку радиото, како и да се зајакне вмрежувањето и меѓунарорната соработка меѓу радиодифузерите.

Оваа година, темата е родовата еднаквост и зајакнувањето на жените преку радиото, што значи промовирање на родовата еднаквост преку сензибилизарање на сопствениците на радио станици, новинарите и властите за развивање политики и стратегии за родова еднаквост, елиминирање на стереотипите, но и развој на младинската радио продукција со фокус на младите жени како продуцентки, водителки и репортерки и промовирање на нивната безбедност.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на сите радио станици во Република Македонијаим го честита Светскиот ден на радиото и апелира тој да се одбележи на соодветен начин.



Accessibility

Accessibility