Повик за доставување забелешки по Нацрт – Пријавата за евидентирање во регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање и Нацрт – Регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање

Скопје, 18.02.2014г – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 9-та седница одржана на 18 февруари 2014 година ja усвои Нацрт – Пријавата за евидентирање во регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање и Нацрт – Регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање.

Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни во рок од 7 (седум) дена да достават забелешки по наведените документи, на следната е-адреса: contact@avmu.mk или на поштенската адреса на Агенцијата: бул. „ВМРО“ бр. 3, Скопје.

Нацрт – Пријавата за евидентирање во регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање можете да ја преземете тука.

Нацрт – Регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање можете да го преземете тука.



Accessibility

Accessibility