Распишани предвремените парламентарни избори – радиодифузерите да достават ценовници за ППР најдоцна до 11 март 2014

СКОПЈЕ, 07.03.2014 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите на обврската за утврдување и доставување ценовници за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес. Согласно одредбите од член 75-ѓ од Изборниот законик,

  радиодифузерите се должни во рок од 5 (пет) дена од денот на распишување на изборите да ги утврдат ценовниците за платено политичко рекламирање  на учесниците во изборниот процес и во истиот рок, односно заклучно со 11 март2014 година да ги достават до надлежните институции:  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување корупција.

Исто така,  радиодифузерите во периодот од утврдувањето на ценовниците до започнувањето на изборната кампања, се должни  најмалку два пати јавно да ги објават  ценовниците на своите програми. Ценовниците не смеат да се менуваат во текот на изборната кампања.

Доколку  радиодифузерите одлучат дека нема да емитуваат  платено политичко рекламирање, за оваа своја одлука треба да ја известат Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.



Accessibility

Accessibility