1

Осуда на нападот на весникот „Шарли Ебдо“

Скопје, 08.01.2015г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува нападот на францускиот сатиричен весник „Шарли Ебдо“, во којшто загинаа најмалку 12 лица.

Ова преставува директен напад на медиумите и слободата на печатот. Слободата на изразување и толеранцијата се основа на модерната плуралистичка демократија и ниту едно несогласување или различно гледиште не можат да бидат оправдување за напад каков што е овој на „Шарли Ебдо“.

Единственото оружје во новинарството е перото и тоа треба да се користи без страв, особено без страв за сопствениот живот.