Одржана работилница за Европски дела и дела од независни продуценти

Скопје 09.05.2015г. – Во насока на реализирање на програмата за имплементација на проектот ИПА за „Зајакнување на административните капацитети на телата задолжени за телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќенаменски услуги“
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со претставници на давателот на услуга по барање, ја реализираше работилницата за Европски дела и дела од независни продуценти.

Фокусот на работилницата беше примената и обврската за исполнување на квотите за европски дела кај давателот на услуга по барање, при што за начинот и моделите на имплементацијата, застапеноста и позиционираноста на европските дела говореше Марк Џансен, виш експерт од ИПА ТАИБ 2009 во својство на презентер на работилницата, кој ја истакна важноста да се бараат соодветни инструменти и процедури за да се поттикне активност и развојот на европската аудиовизуелна продукција и дистрибуција.

Помеѓу останатото, беше потенцирано дека согласно законските одредби, давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање, тогаш кога тоа е изводливо и со соодветни средства, треба да го промовираат производството и пристапот до европски дела. Таквото промовирање може да се однесува на финансискиот придонес за производство и стекнување на права за европски дела или на застапеноста и поставеноста на европските дела во каталог на програми.

Презентацијата можете да ја превземете на следниот линк:

Европски дела и дела од независни продуценти

Марк Џансен,ИПА ТАИБ 2009



Accessibility

Accessibility