Претставникот на НАТО Лори Вокер, во работна посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

image_pdfimage_print

Скопје, 21.05.2015г. – Надлежниот претставник од службите на НАТО за досието на Република Македонија г-дин Лори Вокер, заедно со МАП тимот на НАТО на експертско ниво, вчера беше во работна посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Фокусот на посетата е во насока на проценка на статусот на имплементација на Акциониот план за членство во рамки на 16-от циклус од МАП процесот за Република Македонија, како и степенот на реализација на активностите и целите презентирани во Годишната национална програма за членство на Република Македонија во НАТО за 2014-2015 година.

На состанокот, главните поенти на прашањата од интерес за г. Вокер, беа придобивките од новите закони и колку тие влијаат врз подобрувањето на работата на регулаторот. Oд страна на Агенцијата, беше детално образложен новиот модел на работа и составот на членови на Советот, диверзитетот на предлагачите на Советот и законските новини кои ја обезбедуваат нивната независност, поделбата на надлежностите помеѓу Директорот и Советот, како и улогата на Советот во носењето на важни акти и одлуки. Беше посочена и зголемената надлежност на стручната служба на Агенцијата, во поглед на изречените мерки кон радиодифузерите, финансиската независност на регулаторот и изворите на финансирање.



Accessibility

Accessibility