Скопје, 28.05.2015г. – Во понеделник, 1 јуни 2015 година, со почеток во 11 часот ќе се одржи завршна конференција за IPA TAIB 2009 проектот, финансиран од Европската Унија: „Зајакнување на административните капацитети на телата задолжени за телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќенаменски услуги“.
Корисници на проектот се Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Агенцијата за електронски комуникации, а неговата цел беше имплементирање на ефикасна регулација за новите дигитални и повеќенаменски сервиси и креирање конкурентна средина за развој на бизнисот и заштита на потрошувачите.
На настанот, ќе се обратат Мартин Клауке, Делегација на Европска унија, Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, Роберт Орданоски, директор на Агенција за електронски комуникации и Зоран Трајчевски, директор на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Конференцијата ќе се одржи во Агенцијата за електронски комуникации, 6 ти кат, конференциска сала, Кеј Димитар Влахов 21, Скопје.
Програмата за конференцијата можете да ја преземете тука