Јавна расправа за Нацрт – програмата за поттикнување на медиумската писменост во Република Македонија

Скопје, 02.07.2015 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги отвора јавна расправа за текстот на Нацрт – програмата за поттикнување на медиумската писменост во Република Македонија.

Текстот на програмата е подготвен со експертска помош, во рамките на ИПА проект финансиран од Европската комисија, а претставува активност на Агенцијата во контекст на обврските од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (член 26) и Стратегијата за развој на радиодифузната дејност 2013-2017.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ве поканува, со свои мислења и ставови во писмена форма, да учествувате во јавната расправа која трае до 17 август 2015 година, по електронски пат на e.petreska-kamenjarova@avmu.mk или по пошта на ул. „Македонија“ бр.38, 1000 Скопје.



Accessibility

Accessibility