Скопје, 07.10.2015 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја изработи Анализата на структурата на вработените според етничка припадност во аудио и аудиовизуелниот медиумски сектор во 2014 година.
Во оваа анализа се претставени податоците за етничката припадност на вработените во телевизиската индустрија и во радиоиндустријата во 2014 година (македонска, албанска, турска, српска, ромска, влашка, бошњачка и друга националност) и за нивната распределба по работни места. Исто така, анализата содржи податоци за движењето на бројот на вработените од различни националности во последните четири години.
Анализата на структурата на вработените според етничка припадност во аудио и аудиовизуелниот медиумски сектор во 2014 година може да ја преземете тука.