Соопштение за медиуми

Скопје, 12.11.2015г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува медиумите дека од 10 ноември 2015 година, стапи на сила Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик.

Согласно членот 83 од овој Закон, од денот на влегување во сила на Изборниот законик до денот на одржување на предвремените избори за пратеници – 24 април 2016 година, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) не смеат да емитуваат односно да објавуваат, реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на градот Скопје и на сите други лица на кои со Закон им е доверено вршење на јавни овластувања.



Accessibility

Accessibility