Јавна расправа за Нацрт – Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на мерење на гледаноста и слушаноста на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите во Република Македонија

Скопје, 06.11.2015 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги отвора јавна расправа за текстот на Нацрт-Упатството за изменување и дополнувaње на Упатството за начинот на мерење на гледаноста и слушаноста на програмите, односно програмските сервиси на радиодиофузерите во Република Македонија.

Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни со свои мислења и ставови во писмена форма, да учествувате во јавната расправа која завршува на 07 декември 2015 година, по електронски пат на m.dovleva@avmu.mk или по пошта на ул. „Македонија“ бр.38, 1000 Скопје.



Accessibility

Accessibility