Скопје, 16.11.2015г.– Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги отвори јавни расправи за текстовите на
Нацрт-програма за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 година;
Нацрт-годишен план за вршење административен надзор за 2016 година;
Нацрт-годишен план за вршење програмски надзор за 2016 година.
Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози во писмена форма, да учествуваат во јавната расправа која трае до 17 декември 2015 година. Мислењата и предлозите може да се доставуваат по електронски пат на m.dovleva@avmu.mk или по пошта на ул. „Македонија“ бр.38, 1000 Скопје.