Изречена мерка опомена на СТРЕЕТ ФМ и Капитол Радио

image_pdfimage_print

Скопје, 01.12.2015 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во согласност со Годишниот план за вршење надзор, спроведе надзор врз работата на ТРД Капитол Радио ДООЕЛ Скопје и ТРД СТРЕЕТ ФМ ДОО Скопје.

Заради необезбедување информации кои треба да им се направат достапни на корисниците, Агенцијата на радиодифузерот Капитол Радио му изрече мерка опомена, додека за РА СТРЕЕТ ФМ се изречени две мерки опомени, од кои едната заради необезбедување информации кои треба да им се направат достапни на корисниците и втората заради необјавување на податоците на соодветното место за секоја содржина од програмскиот сервис согласно член 12 од Законот за медиуми.

Изречените мерки може да се преземат на следните линкови:

Капитол Радио
РА СТРЕЕТ ФМ
РА СТРЕЕТ ФМ



Accessibility

Accessibility