Скопје, 15.12.2015г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја изработи Нацрт-методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиски програмски сервиси за време на изборни процеси и ги повикува медиумите, политичките партии и сите други заинтересирани субјекти да се вклучат во јавната расправа по нацрт-текстот.
Според Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик од 10 ноември 2015 година, Агенцијата има обврска да ја донесе Методологијата во рок од 60 дена од донесувањето на овој законик, односно до 8 јануари 2016 година.
Имајќи ги предвид кратките рокови за усвојување на документот, сите заинтересирани страни може да достават свои мислења и коментари по нацрт текстот на Методологијата најдоцна до 27 декември 2015 година.
За да обезбеди максимална транспарентност на процесот на усвојување на документот, како и повеќе можности сите релевантни субјекти да се вклучат во јавната расправа, Агенцијата ќе ја презентира Нацрт-методологијата на својот четврт јавен состанок кој ќе се одржи на 22 декември 2015 година, во просториите на Агенцијата.
Нацрт – Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборните процеси може да се преземе на следниот линк
Нацрт – ставот на Агенцијата за обврската да врши надзор врз медиумското преставување на интернет порталите може да се преземе на следниот линк