Два дена за платено политичко рекламирање

Скопје, 25.02.2016 – Со последните измени на Изборниот законик што ги усвои Собранието на Република Македонија, почетокот на забраната за емитување платено политичко рекламирање кај радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) се поместува од 27 февруари 2016 година.[…]

ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ СТАНДАРДИ ВАЖАТ СЕКОГАШ

Скопје, 24.02.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги уште еднаш ги поттикнува медиумите сериозно и доследно да ги почитуваат професионалните стандарди и принципи, целосно свесни за важната улога што ја имаат во процесот во кој граѓаните на едно демократско општество треба слободно да ги формираат своите ставови за сите општествено – политички прашања врз основа на вистинити и објективни информации и различни гледишта.[…]

Агенцијата одржа шест обуки за правилата за изборно медиумско претставување

Скопје, 19.02.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во периодот од 15 до 19 февруари 2016 година, одржа шест обуки за националните, регионалните и локалните радиодифузери во Република Македонија, како и за Јавниот радиодифузен сервис. Целта на обуките беше ТВ и радио програмските сервиси да се информираат за правилата за изборно медиумско претставување.[…]

Независната комисија за медиуми на Република Косово во посета на Агенцијата

Скопје, 16.02.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес беше домаќин на работната средба со претставниците на Независната комисија за медиуми на Република Косово. Целта на средбата e проширување на меѓусебните односи и размена на искуства во областа на дигитализација на медиумите.[…]

Обука за радиодифузери за правилата за изборно медиумско претставување

Скопје, 16.02.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од 15 до 19 февруари 2016 година ќе одржи шест работилници за регионалните, локалните и националните  радиодифузери во Република Македонија, вклучувајќи го и јавниот радиодифузен сервис.[…]

Реакција во врска со емитуваното интервју во вестите на ТВ Сител

Скопје, 11.02.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува непочитувањето на професионалните новинарски принципи и стандарди од страна на одговорниот уредник на ТВ Сител Драган Павловиќ Латас при гостувањето на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев во „Дневникот“ од 19 часот на 10 февруари 2016 година.[…]

Медиумите да ги почитуваат професионалните стандарди

Скопје, 05.02.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува медиумите да покажат професионална одговорност и да ја извршуваат својата работа придржувајќи се до највисоките стандарди и принципи на новинарството.[…]

Потпишан Меморандум за соработка со Државната изборна комисија

Скопје, 04.02.2016г. Денес, на меѓународниот ден на изборите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Државната изборна комисија потпишаа Меморандум за соработка. Основните цели на документот се: размена на информации, меѓусебна помош преку давање стручни совети, соработка при постапување по претставки и поплаки и конкретни проекти кои се во функција на заедничките интереси на Комисијата и Агенцијата, како и активности што се насочени кон подигнување на нивото на почитување на изборната регулатива.[…]



Accessibility

Accessibility