1

Потпишан Меморандум за соработка со Државната изборна комисија

Скопје, 04.02.2016г. Денес, на меѓународниот ден на изборите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Државната изборна комисија потпишаа Меморандум за соработка. Основните цели на документот се: размена на информации, меѓусебна помош преку давање стручни совети, соработка при постапување по претставки и поплаки и конкретни проекти кои се во функција на заедничките интереси на Комисијата и Агенцијата, како и активности што се насочени кон подигнување на нивото на почитување на изборната регулатива.

Меморандумот произлегува од измените на Изборниот законик, согласно кои, како што рече директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски,  двете институции се упатени на поблиска меѓусебна соработка, размена на искуства  и информации во врска со претстојниот изборен процес.

Со потпишување на Меморандумот, меѓу другото, се утврдени опфатот и динамиката на известување за евентуалните прекршувања на Изборниот законик од страна на радиодифузерите.