Ученици од ОУ „Браќа Миладиновци“- Скопје во посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелним медиумски услуги

Скопје, 20.05.2016г. – Ученици од девето одделение при Основното училиште „Браќа Миладиновци од Скопје, во рамки на наставата по предметот граѓанско образование, денес ја посетија Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. За време на посетата, имаа можност да се запознаат со организацијата, надлежностите и практичното работење на Агенцијата.

Преку сликовита презентација адаптирана за возраста, учениците беа информирани за постапката за доделување дозволи за радио и телевизиско емитување; начинот на вршење надзор; заштитата на малолетната публика, како и за проектите на Агенцијата од поширок јавен интерес поврзани со активностите за поттикнување на развојот на медиумската писменост, следењето на третманот на родот во медиумите, обезбедување достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост и сл.

Агенцијата ја поздравува иницијативноста и проактивноста на учениците за стекнување нови знаења, и понатаму останува отворена за соработка со сите универзитети и училишта кои имаат интерес за споделување на искуства во областа на медиумите и медиумската регулација.

 

 



Accessibility

Accessibility