Скопје, 04.10.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги реализираше редовен, контролен и вонреден програмски, како и контролен административен надзор врз 5 радиодифузери за повеќе членови од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми.
Редовен програмски надзор врз ТВ 24 Вести и ТВ АРТ, за почитувањето на обврската од член 91 став 2 од ЗААВМУ, контролен програмски надзор врз ТВ Шутел (за член 92 став 14 од ЗААВМУ – односно половина од изворната програма создадена во РМ да се емитува во периодот од 7 до 19 часот), ТВ Хана (за член 92 ставови 1 и 14 – обврски за емитување изворно создадена програма во РМ, член 64 став 3 – јазик на емитување на странските програми и за член 100 став 1 – лимити за рекламирање, од ЗААВМУ) и контролен административен надзор врз ТВ Хана и ТВ Ултра за член 51 став 1 од ЗААВМУ (информации што треба да им се направат достапни на корисниците) и за ТВ Шутел за член 14 од Законот за медиуми (импресум),
Воедно реализиран е и вонреден програмски надзор врз ТВ Шутел за почитувањето на член 92 став 1 од ЗААВМУ, односно дневно да емитува најмалку 50% изворно создадена програма во РМ на ромски и на македонски јазик.
Извештаите од реализираните надзори се достапни на линковите во прилог:
ТВ 24 Вести – член 91 став 2 од ЗААВМУ
ТВ АРТ– член 91 став 2 од ЗААВМУ
ТВ Хана – член 92 ставови 1 и 14 од ЗААВМУ
ТВ Хана – член 64 став 3 од ЗААВМУ
ТВ Хана – член 100 став 1 од ЗААВМУ
ТВ Хана – член 51 став 1 од ЗААВМУ
ТВ Ултра – член 51 став 1 од ЗААВМУ
ТВ Шутел – член 92 став 14 од ЗААВМУ