1

Соопштение од Привремената комисија за следење на медиумското претставување за периодот од 22 септември до 01 октомври 2016 година

Скопје, 10.10.2016г.Мониторингот на медиумите во периодот од 22 септември до 01 октомври 2016 година покажа дека медиумите во делот на известувањето направија напредок во квалитативниот баланс.

По разгледување на третиот 10-дневен Извештај, на медиумите им се обрнува внимание известувањето за редовните активности на државните органи да не биде во функција на ниту еден политички субјект. И, им се посочува на медиумите да обрнат внимание на активностите и на албанските политички партии во Република Македонија.

Ги охрабруваме медиумите да го задржат приближниот квантитативен и квалитативен баланс при известувањето и ги потсетуваме на почитување на професионалните новинарски стандарди.

Привремената комисија за следење на медиумско претставување