Скопје, 10.10.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по поднесените предлози од Привремената комисија за следење на медиумското претставување, поднесе две барања за поведување прекршочни постапки за изрекување прекршочна санкција – опомена против ТВ Алфа ДООЕЛ Скопје и ТВ Нова ДООЕЛ Скопје, и едно барање за поведување на прекршочна санкција – глоба против ТВ СИТЕЛ ДООЕЛ Скопје.
Прекршочна постапка за овие три радиодифузера се покренува заради прекршување на член 75-б од Изборниот законик, во периодот од 22 септември до 01 октомври 2016г.
Предлозите за постапување од Привремената комисија за следење на медиумското претставување и извештаите од извршениот надзор (мониторинг) врз ТВ Сител, ТВ Алфа и ТВ Нова можат да се преземат на следните линкови:
– Предлог за изрекување на мерка на ТВ Сител ДООЕЛ Скопје
– Писмен извештај од спроведен надзор врз ТВ Сител ДООЕЛ Скопје
– Предлог за изрекување на мерка на ТВ Нова ДООЕЛ Скопје
– Писмен извештај од спроведен надзор врз ТВ Нова ДООЕЛ Скопје
– Предлог за изрекување на мерка на ТВ Алфа ДООЕЛ Скопје
– Писмен извештај од спроведен надзор врз ТВ Алфа ДООЕЛ Скопје