Скопје, 19.10.2016г. – Мониторингот на медиумите во периодот од 2 до 11 oктомври 2016 година покажа дека медиумите во делот на известувањето направија значителен напредок во квантитативниот и квалитативниот баланс.
По разгледување на четвртиот десетдневен Извештај за извршен мониторинг на 18 програмски сервиси, Привремената комисија не даде ниту еден предлог за изрекување мерка, но им укажува на радиодифузерите, особено да стават акцент на квалитативниот баланс при известувањето.
Комисијата изразува задоволство што во овој извештаен период, генерално се почитува членот 75-б од Изборниот законик, односно известувањето за државните органи не е во функција на изборно медиумско претставување на ниту еден политички субјект и ги охрабрува радиодифузерите во иднина да продолжат во оваа насока.