Скопје, 03.11.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги реализираше редовен програмски надзор врз Македонски Телеком Акционерско друштво за електронски комуникации – Скопје – дигитален пакет и ДИГИ ПЛУС МУЛТИМЕДИА Друштво за телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје – дигитален пакет.
Предмет на надзорот се членовите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (член 50 став 5, член 64 став 2, член 141 и член 143).
При надзорот врз Македонски Телеком Акционерско друштво за електронски комуникации – Скопје – дигитален пакет не е констатирано прекршување на овие законски одредби, додека кај ДИГИ ПЛУС МУЛТИМЕДИА Друштво за телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје – дигитален пакет е констатирана повреда на член 141 од ЗААВМУ.
Писмените извештаи од извршените надзори се достапни на линковите во прилог:
Македонски Телеком Акционерско друштво за електронски комуникации – Скопје – дигитален пакет
ДИГИ ПЛУС МУЛТИМЕДИА Друштво за телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје – дигитален пакет