Агенцијата поведе прекршочни постапки против ТВ Сител, ТВ Нова и ТВ Алфа

image_pdfimage_print

Скопје, 31.10.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по поднесените Предлози од Привремената комисија за следење на медиумското претставување, поведе прекршочни постапки против ТВ СИТЕЛ ДООЕЛ Скопје, ТВ Нова ДООЕЛ Скопје и ТВ Алфа ДООЕЛ Скопје.

Прекршочна постапка за ТВ Сител ДООЕЛ Скопје и ТВ Нова ДООЕЛ Скопје се покренува поради констатирана повреда на член 75 став 1 од Изборниот законик, додека за ТВ Алфа ДООЕЛ Скопје за член 75-б од истиот законик. Прекршувањата се однесуваат на периодот од 12 до 21 октомври 2016 година.

Предлозите за постапување од Привремената комисија за следење на медиумското претставување и извештаите од извршениот надзор (мониторинг) врз ТВ Сител, ТВ Нова и ТВ Алфа можат да се преземат на линковите во прилог:

Предлог за изрекување мерка против – ТВ Сител ДООЕЛ Скопје

–  Писмен извештај од спроведен надзор (мониторинг) – ТВ Сител ДООЕЛ Скопје

Предлог за изрекување мерка против – ТВ Нова ДООЕЛ Скопје

–  Писмен извештај од спроведен надзор (мониторинг) – ТВ Нова ДООЕЛ Скопје 

Предлог за изрекување мерка против – ТВ Алфа ДООЕЛ Скопје

– Писмен извештај од спроведен надзор (мониторинг) –  ТВ Алфа ДООЕЛ Скопје



Accessibility

Accessibility