Агенцијата поведе прекршочна постапка против ТВ Алфа

Скопје, 16.11.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по поднесениот Предлог од Привремената комисија за следење на медиумското претставување, поведе прекршочна постапка против ТВ Алфа ДООЕЛ Скопје.

Прекршочна постапка против ТВ Алфа ДООЕЛ Скопје се покренува за непочитување на член 75-б од Изборниот законик. Прекршувањето се однесува на периодот од 22 до 31 октомври 2016 година.

Предлогот за постапување од Привремената комисија за следење на медиумското претставување и Извештајот од извршениот надзор (мониторинг) врз ТВ Алфа можат да се преземат на линковите во прилог:

Предлог за изрекување мерка – ТВ Алфа ДООЕЛ Скопјe

– Писмен извештај за извршен мониторинг – ТВ Алфа ДООЕЛ Скопје



Accessibility

Accessibility